Нови книги во библиотеката на Филолошкиот факултет на УГД

Библиотеката на Филолошкиот факултет повторно се збогатува со нови изданија. Овој пат станува збор за донација на современи македонски изданија од страна на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Меѓу педесетината изданија може да се пронајдат и изданијата на Блаже Ристовски (Појави и профили од македонската литературна историја; Македонија и македонскиот народ), на Пандев (Општа реторика), на Радичевски, Урошевиќ, Пруст и многу други.

Книжниот фонд на библиотеката го збогати и Австриската амбасада со повеќе изданија од областа на австриската култура и цивилизација.

Во иднина се очекуваат нови изданија на задоволство и на вработените и на студентите.

Последен пат изменето на Среда, 03 Февруари 2016 13:26
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…