Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Тројца професори од Србија и од Турција доаѓаат како визитинг професори на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“. Професорите ќе држат предавања во рамките на своите области на сите кампуси и на сите студиски програми на Економскиот факултет.

Објавено во УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип во изминатите шест години, од кога датираат почетоците на развојот на студентскиот информативен систем (познат како електронски индекс), посветено и перманентно работи на подобрување на услугите и сервисите кои ваквиот интегриран и централизиран систем им ги нуди на крајните корисници (студенти, наставнички, соработнички и административен кадар) во насока на подобрување на ефикасноста и ефективноста на бизнис процесите во рамките на Универзитетот. 

Објавено во УГД Живот
Четврток, 11 Февруари 2016 13:18

Ректорот Боев ги објави плановите на УГД

Прашањата од значење за јавноста во поглед на работата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беа во фокусот на интересот на новинарите и дописниците од Штип и регионот на брифингот што го одржа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев. Ректорот Боев речиси еден час одговараше на прашањата на новинарите, во духот на транспарентноста и отвореноста кон јавноста на Универзитетот.

Објавено во УГД Живот

Бројот на записи во електронскиот репозиториум на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип надмина 10.000, со што толку голем број на научни трудови, дигитални текстови, презентации, аудио, слики и видеа се достапни на научната јавност од целиот свет.

Објавено во УГД Живот

Проф. д-р Јерг М. Елзенбах стана почесен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Неодамна Ректорската управа донесе Одлука за доделување на звањето почесен професор на економски и социјални науки на проф. д-р Елзенбах.

Објавено во УГД Живот
Страница 131 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…