Кинеските студенти на УГД ја одбележаа кинеската Нова година

Студентите од Кина кои неколку месеци престојуваат на студиски престој на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска добија честитка за кинеската Нова година во форма на една мултимедијална презентација што ја организираа Филолошкиот факултет и НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип. Кинеските студенти говореа на македонски јазик, но и на својот кинески јазик ја честитаа Новата година. Со нив, за учење на македонскиот јазик, работи предавач м-р Марија Гркова.

Студентите од Кина веќе еден месец учат македонски јазик на Филолошкиот факултет, се трудат, иако не е баш лесно за нив, бидејќи навистина се разликуваат македонскиот и кинескиот јазик. На пример, имаат тешкотии со буквата „р“. Инаку, денес се слави кинеската Нова година па ние им подготвивме презентација, кинеско-македонски и англиски календар, на која учествуваат и тие, ќе говорат на македонски јазик. На Филолошкиот факултет се дојдени шест студенти од Кина, кои овде ќе бидат до мај. Тие се овде врз основа на договор кој е склучен меѓу УГД и Универзитетот во Пекинг. Во Кина на нивниот Филолошки факултет учат различни јазици, а овде се дојдени да го учат македонскиот јазик како странски. Ова е голема чест за нив, не секој ја има таа чест, да се запознаеме ние со нивниот јазик и традиција, а истовремено и тие со нашата традицијаизјави м-р Марија Гркова, предавач на македонски јазик како странски на Филолошкиот факултет при УГД

УГД заедно со Институтот за јазици на Филолошкиот факултет и НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ првпат ја организираат оваа свеченост по повод кинеската Нова година.

Ние првпат организираме одбележување на кинеската Нова година или месечева Нова година во чест на нашите стипендисти кои доаѓаат од Кина за да го учат македонскиот јазик. Тие се овде неколку месеци во посета на Филолошкиот факултет и веќе го совладаа А1 нивото на знаење на македонскиот јазик. Очекуваме во следниот семестар да го совладаат и А2 нивото, и да се вратат со убави знаења и спомени во рамките на својот универзитет во Хавеи, и да однесат позитивно искуство во однос на престојот во Македонија и во Штип, на УГД. Тоа значи дека очекуваме да дојдат и нови студенти од Кина, но и проширување на соработката со заминување на наши студенти во посета на Кинаизјави деканката на Филолошкиот факултет, доц. д-р Драгана Кузмановска

Перформансот во чест на кинеската Нова година го водеше и организираше доц. д-р Марија Кукубајска, а се одржа во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, установа која беше и коорганизатор, а како што изјави директорката на Библиотеката, м-р Милена Ристова-Михајловска, престојот на студентите беше искористен и за промоција на македонски книги, кои на подарок ги добија студентите од Кина:

НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ е почестена со присуството на студентите од Кина. Нивниот престој беше искористен и тие да ја погледнат нашата понуда, македонската литература, а со перформансот и ние да можеме да се запознаеме со нивната култура и да кажат нешто и за нивната литература. Како библиотека им ја честитавме кинеската Нова година со тоа што им врачивме книги од македонската книжевност, а им обезбедивме и бесплатно членство во нашата библиотекаизјави м-р Милена Ристова-Михајловска

Последен пат изменето на Понеделник, 08 Февруари 2016 15:16
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…