Генетичарот Џенифер Даудна, во соработка со други научници, откри нова револуционерна технологија за промена на гените, наречена CRISPR-Cas9. Новата алатка им овозможува на научниците да направат прецизни промени на ДНК низите, што би можело да доведе до лекување на генетски заболувања, нo исто така би можела да се употреби и за создавање на т.н. дизајнирани бебиња. Даудна објаснува на кој начин функционира CRISPR-Cas9, обраќајќи се до научната заедница да запрат и да продискутираат за етичкиот аспект на новата алатка.