Како изгледа вистинската научна работа? Како невронаучник Стјуарт Фајерштајн се шегува: многу помалку наликува на научниот метод, а многу повеќе наликува на "прдење наоколу ... во темнината.'' Во овој духовит говор, Фајерштајн допира до срцето на науката, до она како навистина се практикува и сугерира дека треба да го цениме она што не го знаеме — или "високо-квалитетното незнаење'' — исто толку колку што го цениме она што го знаеме.