Научникот Ноам Чомски на повеќе наврати тврди дека постојат два вида на образование.
Првиот вид на образование е поврзан со просветлувањето – највисоката животна цел што треба да се креира и достигне. За овој вид, како што вели Чомски, важно е да го бараш богатството во минатото, да пробаш да се внесеш во материјата, да им помогнеш на луѓето како да учат сами. Ти учиш, од тебе зависи што ќе усовршиш.
Вториот вид на образование е поврзан со индоктринацијата – младите луѓе уште од своите најмлади години мора да бидат ставени во рамка во која ќе следат точно поставени правила.
Погледнете го целото излагање на Ноам Чомски за оваа тема.