Дизајнерот Том Углов креира иднина во која љубовта на човекот кон природни решенија и едноставни алатки коегзистира со нашата потреба од информации и уредите кои ни овозможуваат пристап до тие информации. „Реалноста е побогата од екраните“, вели тој. „Можеме да имаме свое среќно место исполнето со сакани информации, место во кое ќе се чувствуваме удобно и природно".