Зошто има нешто наместо ништо? Зошто постојат толку интересни ствари во универзумот? Физичарот Хари Клиф ги проучува елементарните честички и работи на Големиот Хадронски Колајдер во ЦЕРН. Тој има лоши вести за луѓето кои бараат одговори на овие прашања. И покрај големите напори на научниците (и помошта од најголемата машина на планетата), можеби никогаш нема да можеме да ги објасниме чудните аспекти на природата. Дали е ова крајот на физиката? Во овој фасцинантен говор дознајте повеќе за најновите сознанија кои допираат до тајната структура на универзумот.