Расел Фостер е невронаучник кој го изучува циркадијалниот ритам. Тој ги проучува фазите на спиење во мозокот. И прашува: Што знаеме за спиењето? За нешто на што трошиме една третина од нашите животи излегува дека многу малку знаеме. Во овој говор, Фостер споделува три популарни теории во однос на тоа зошто спиеме, побива некои митови за тоа колку треба да спиеме на различна возраст — и истакнува дека спиењето може да се користи дури и за предвидување на менталното здравје.