Човекот кој има повеќе од 60 милијарди долари на својата сметка и кој повеќе од половината, до крајот на својот живот, планира да ги инвестира во добротворни цели има свои стравови како и сите нас. Човекот кој направи револуција во употребата на персоналните компјутери во светот сега планира да го промени светот. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ги зема заслугите за илјадници спасени човечки животи, особено во Индија и во Африка, каде што оваа фондација интензивно инвестира во развојот на земјоделието и здравството. Меѓутоа и Бил Гејтс има свои стравови. Неговите стравови се повеќе глобални, стравови од големи катастрофи на човечкиот род, стравови од страшни вируси. Во видеото во продолжение видете кои се стравовите на најбогатиот човек на планетата.