Американскиот лекар Кент Брентли, кој бил дел од медицинската мисионерска група „Samaritan's Purse“, чија главна цел била лекување на пациенти заболени од ебола во Либерија. Додека ги лекувал пациентите заболени од ебола се заразил од вирусот и бил првиот Aмериканец вратен во САД со цел да биде лекуван од вирусот со сѐ уште експерименталниот серум во Универзитетската болница „Емори“ во Аталанта, Џорџија.

По неколкумесечното успешно лекување, тој е целосно излекуван. Во септември 2014 година имал средба со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, а истиот месец д-р Брентли три пати донирал своја плазма за да ги спаси животите на другите Aмериканци заболени од ебола.

Истата година одржал говор за време на Молитвениот појадок во Вашингтон, а магазинот „TIME“ го прогласува д-р Кент Брентли за „Личност на годината“ за 2014 година.

Погледнете го интервјуто со д-р Брентли од студиото на УГД ТВ.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…