Деканот на Музичката академија проф. м-р Тони Китановски беше дел од серијалот гостувања на деканите и продеканите на Универзитетската телевизија и Универзитетското радио „УГД ФМ“. Во разговорот со деканот дознавме многу за Музичката академија, за можностите што ги нуди и за квалитетот на студентите. Деканот потенцираше дека студентите од оваа Академија досега биле дел од многу големи музички случувања во државата и во странство, а постојано учествуваат и на значајни меѓународни и домашни натпревари.