Приказ на предметите според таг: nauka
Кои се релевантни ризик-фактори за суицид? Истражување на Факултетот за медицински науки
Факултетот за медицински науки реализира научен проект чијашто цел е да се одредат клиничките релевантни ризик-фактори за суицид: компарација помеѓу клиничкa групa со пасивни суицидални идеи, со активни суицидални идеи и без суицидални идеи. Раководител на проектот е проф. д-р Ленче Милошева од Факултет за медицински науки при УГД.
Интерес за изучување на македонскиот јазик во Русија
Македонскиот јазик и култура се изучува на универзитетите во Русија. Еден пример е Универзитетот во Воронеж, а деканката на овој Универзитет при својата посета на УГД информираше дека интересот за македонскиот јазик станува сѐ поголем.
(Видео) Меѓународната научна конференција ФИЛКО ги обедини филолозите од Европа
Филолози и книжевници од Македонија, Бугарија, Русија, Италија и Франција, денес се дел од Меѓународната конференција за филологија култура и образование во организација на Филолошкиот факултет при УГД.
Тим на научници од УГД откри природна модификација на синџирот на оксидативна фосфорилација - биохемиски механизам за кој е добиена Нобелова награда
Еден од главните системи што овозможуваат претворање на хранливите состојки во корисна енергија (во форма на топлина) е т.н. митохондријален синџир за електронски трансфер (познат и како систем на процеси на оксидативна фосфорилација).
Професор од УГД ги промовираше преведените литературни дела од областа на филозофијата
Доц. д-р Трајче Стојанов, професор по филозофија и етика на УГД, денес одржа интерактивно предавање и презентација на преведени дела од областа на филозофијата. Предавањето се одржа во НУУБ „Гоце Делчев“ - Штип.