Интерес за изучување на македонскиот јазик во Русија

Македонскиот јазик и култура се изучува на универзитетите во Русија. Еден пример е Универзитетот во Воронеж, а деканката на овој Универзитет при својата посета на УГД информираше дека интересот за македонскиот јазик станува сѐ поголем.

- На нашиот Универзитет изучувањето на словенските јазици било приоритет отсекогаш. Имаме специјална голема Катедра за словенска филологија. Традиционално се изучуваат полскиот, чешкиот и бугарскиот јазик, а веќе имаме група на студенти кои го изучуваат македонскиот јазик. Постои програма за размена на студенти и наши студенти патуваа во Полска и во Чешка, а сега се надеваме дека ќе доаѓаат и во Македонија.истакна деканката на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Воронеж, Олга Берникова.

Деканката Берникова, заедно со делегација од овој факултет, викендов ќе биде дел од Меѓународната научна конференција која се одржува на Филолошкиот факултет при УГД.

Последен пат изменето на Понеделник, 21 Март 2016 08:43
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…