(ВИДЕО) Превозно средство на иднината - дрон кој лета, плива и нурка

Дрон што оди на површината на водата, под водата, но и во воздухот е новиот робот кој е измислен во Универзитетот „Рутгерс“ во САД. Станува збор за прв уред од ваков тип кој има можност да плива во водата, но и да нурка и да лета.

Го нарекуваме навигатор поради можноста да плива, лета и нурка во исто време. Ова е нешто што досега не беше достапно. Многу сме среќни што се впуштивме во вакво истражувањевели Хавиер Дијаз од Универзитетот „Рутгерс“

Овој уред е направен во соработка со професорите и студентите од овој Универзитет, а намената на овој дрон може да биде многу широка.

Досега можевме да видиме уреди кои оперираа или само во вода или само во воздух. Беше предизвик за инженерите да направат уред кој во исто време може да се користи во повеќе средини. Ова возило може да се употребува во транспортот. Досега имаше возила кои откако ќе влезат во водата потоа не можат да се употребуваат надвор од водата или, пак, можат да летаат, но само слетуваат на вода и слично. Ова возило може сѐ во исто време и повеќе пати последователновелат студентите кои се вклучени во овој проект

Повеќе за ова револуционерно возило може да се види во видеото подготвено од страна на овој Универзитет.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…