Приказ на предметите според таг: umetnost
Студенти по современ танц од УГД ќе прикажуваат претстави онлајн
Скопје танцовиот театар од денес секој ден со почеток во 18 30 часот, ќе започне со бесплатно емитување на претстави во сопствена продукција, од архивата со која располага, со цел да допре до публиката и сите љубители на танцот. Емитувањата ќе бидат преку Јутјуб каналот на Skopje Dance Theater.
Факултетот за образовни науки подготвува театарска претстава
Факултетот за образовни науки при УГД подготвува театарска претстава со наслов „Приказна за рибарот и рипката“ по текст на Александар С. Пушкин.
Со проекција на филмот „Лајла М“ се одбележа Денот на човековите права на УГД
Хелсиншкиот комитет за човекови права со низа настани го одбележуваат Денот на човековите права. Во рамките на низата активности пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип беше презентиран филмот „Лајла М“, по што следеше разговор со извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката Јана Јакимовска.
Прикажување на филмот Лејла М на УГД
Во петок (13.12.2019 г.), во 12.30 часот, во Мултимедијалниот центар на УГД ќе се одржи проекција на филмот „Лајла М“, а потоа ќе следи разговор со извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пирофска и проф. м-р Јана Јакимовска. Модератор ќе биде Тања Стоименовска.
Професор на УГД со изложба на скулптури во Њујорк
Во Галеријата MЦ во Њујорк, САД, беше отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Морфолошка дезагрегација“ од авторот Слободан Милошески.