Приказ на предметите според таг: umetnost
Недела на германски филм на УГД
И годинава Недела на германски филм на УГД. Во Мултимедијалниот центар на УГД ќе се прикажуваат осум германски филмови од патувачкиот фестивал на новиот германски филм.
Учество на професори и студенти од Музичката академија на фестивал во Хрватска
На 27 и 28 април на Музичката академија во Загреб, Хрватска, се одржа 1. Фестивал за флејта за професори и студенти од музичките академии во регионот (Словенија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија) на кој проф.
Трио „Масеив“од Хрватска со концерт на УГД
Во рамките на Уметничката пролет, Универзитетот „Гоце Делчев“ приредува уште едно пријатно доживување за штипјани. Хрватското трио „Масеив“ доаѓа на концерт во Мултимедијалниот центар во Штип. Концертот ќе се одржи во четврток (25.4.2019 година) во 19 часот, а влезот е бесплатен.
(Видео) Професор од Музичката академија организатор на фестивалот Џез-фактори
Од 18 до 20 април Битола ќе биде домаќин на второто издание на фестивалот Џез-фактори. Главната програма и работилницата ќе се одвиваат на сцената на НУ Народен театар - Битола, а оф-програмата ќе се случува во кафе-бар „Камарите“ и кафе-бар „Порта џез“.
Професор од Музичката академија одржа семинар во Србија
На покана од професори од Музичкото училиште „Стеван Мокрањац“ во Пожаревац, Република Србија, изминатиот период професорот по труба од Музичката академија при УГД - Штип, доц. м-р Баже Костадинов, одржа семинар по труба со повеќе од 20 ученици од основно и од средно образование.