Критичарите на уметноста го сметаат за еден од најдобрите македонски скулптори. Слободан Милошески-Цобе е во групата уметници кои работат во доменот на апстрактно-минималистичкиот концепт, поради тоа што користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани материјали за создавање дела од различни размери. Неговата минималистичката скулптура дава импресија на строгост и рационалност, која се потпира на однапред подготвени постулати и идеи логично артикулирани.
Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Изложбата ќе биде отворена до 30.11.2019 година.