Факултетот за образовни науки подготвува театарска претстава

Факултетот за образовни науки при УГД подготвува театарска претстава со наслов „Приказна за рибарот и рипката“ по текст на Александар С. Пушкин.

Во претставата сите улоги ги толкуваат студентите од трети, петти и седми семестар од Факултетот за образовни науки. Режијата, драматизацијата и адаптацијата на текстот се на проф. д-р Кирил Барбареев, музиката е на проф. д-р Томислав Таневски, а кореографијата на проф. д-р Билјана Попевска. Претставата ќе се изведува со техничка поддршка од Александар Максимов и е во целосна продукција и реализација на Универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе биде прикажувана за најмалите.

Распоредот на претставата е следен:

  • 25 декември во 10.30 часот - претстава за Детска градинка „Вера Циривири Трена“ – Штип;
  • 27 декември во 10.30 часот - претстава за Детска градинка „Астибо“ – Штип;
  • 27 декември во 12 часот - претстава за Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Сите изведби ќе бидат во Мултимедијалниот центар на УГД.

Последен пат изменето на Понеделник, 23 Декември 2019 08:56
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…