ЕКО акција: Македонија чиста за 1 ден!

„Ајде Македонија“ со поддршка од програмата на Цивика мобилитас на швајцарската агенција за развој објавува Повик за вклучување на сите граѓани и групи во најголемата еколошка акција.

Ако си вљубеник во чиста и здрава животна средина, ти пречи загаденоста, те тишти отпадот што го гледаш околу себе и чувствуваш дека МОЖЕШ и ЗНАЕШ да помогнеш –  приклучи му се на тимот ентузијасти кои сакаат да ја видат Македонија убава и чиста!

Ако сакате да се вклучите повелете на отворениот ден во просториите на „Ајде Македонија“ (до Завод за вработување во Капиштец) на 2 јуни 2016 год. во 18 часот и пополнете го формуларот за пријавување.

Формуларот за пријавување има примарна цел да го прошири организацискиот тим, но исто така е отворен и за поединци, неформални групи и за организации (граѓански, компании и др.) што би сакале да се вклучат во акцијата или да иницираат во своите општини и заедници ширум земјата.

Последен пат изменето на Понеделник, 30 Мај 2016 13:14
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…