Програмата е наменета за сите млади луѓе до 35 години кои се заинтересирани да научат повеќе за општествените бизниси, можните начини за финансирање, како и за развој на сопствените идеи. Летната програма ќе се изведува на англиски јазик и ќе биде под водство на Диего Хетерман, поранешен ментор за Наградата за социјално претприемништво во Австрија, кој беше и обучувач на првото издание на истата во Македонија во 2015 година.
Обуката е бесплатна, ќе започне на 14 јуни со времетраење од пет недели (една работилница неделно) и ќе се имплементира во просториите на ХАБ Скопје. На крајот од програмата сите учесници кои ќе присуствуваат на минимум 4 сесии ќе се здобијат со сертификат за учество.
Сите заинтересирани треба да ја пополнат оваа апликација најдоцна до 5 јуни 2016 година.