Обука од областа на економските и информатичките науки „Примена на кванитативни методи за водење бизнис“

Центарот за доживотно учење на Универзитетот „Гоце Делчев“ објавува Повик за учество во обука за примена на кванитативни методи за водење бизнис.

Примената на квантитативните методи е моќна алатка која се користи како цврста основа за донесување на бизнис одлуки во процесот на производството, инженерингот, контролата, маркетингот, стратегискиот менаџмент и други поврзани области.

Исто така, примената на квантитативните методи овозможува предвидување на идните бизнис услови на пазарот потребни за приспособување на бизнис стратегиите, што всушност им овозможува на менаџерите да донесуваат одлуки засновани на точни пресметки и проекции, а не одлуки кои се базираат на интуиција или искуство.

Во рамките на обуката ќе бидат опфатени повеќе сегменти:

- статистичка бизнис анализа и применета економетрија,

- математички моделирања во бизнисот,

- анализа на временски серии и предвидување,

- мрежно планирање и одлучување,

- примена на методи во финансиите.

Изучувањето на овие квантитативни концепти ќе биде базирано на конкретни студии на случај, при што целта е стекнување на практични знаења и вештини за користење и примена на квантитативните методи за бизнис истражувања, што ќе овозможи подобрување на начинот на управување со компаниите и подобрување на нивните перформанси.

Обуката ќе биде реализирана со користење на софтверски решенија и примена на Еxcel програмата, при што е дизајнирана на начин што успешното следење не бара значителни претходни математички или квантитативни знаења.

Предавачи на овој курс ќе бидат доц. д-р Дарко Лазаров (наставник на Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип) и доц. д-р Наташа Стојковиќ (наставник на Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип).

Обуката ќе се реализира со пријавени минимум 15 кандидати, во периодот од 19 до 21 декември (понеделник, вторник и среда),  од 15 до 19  часот. Цената за курсот е 6.800 денари со вклучен ДДВ. Сите заинтересирани кандидати може да испратат пријава на следниов мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

За повеќе информации може да се обратите на следниов телефон за контакт: 032 550 093.

Заинтересираните кандидати можат да ја преземат апликацијата на следниов линк.

На следниов линк можете да ја видите програмата на обуката.

Последен пат изменето на Вторник, 01 Ноември 2016 14:37
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…