ЈАВЕН ОГЛАС  за избор на рецензенти

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/14, 154/15, 30/16 и 53/16), Правилникот за постапката и поблиските критериуми за финансирање и надзор на годишните програми за научно-истражувачката дејност на субјектите на научноистражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/09, 149/09, 25/11 и 123/13) Министерството за образование и наука на Република Македонија, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат пријавените проекти по објавениот Конкурс за кофинансирање на  билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Словенија

Министерството за образование и наука на Република Македонија, од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат предложените проекти по Конкурсот за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ќе се финансираат во периодот 2017-2018 година.

Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и  научно подрачје на истражување.

Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување

  • Општествени науки, (кинезиологија, туризам и културно наследство, организациони науки и управување, бизнис менаџмент, право, човекови права, кривично право, меѓународно право, економика на образование, криминологија, логистика економија, сметководство);
  • Техничко-технолошки науки, (компјутерска техника и информатика, земјотресно инженерство, градежништво, индустриско инженерство и менаџмент, контрола на квалитет, електротехника, електроенергетика, рударство, геологија, материјали, текстилна технологија);  
  • Природно математички науки, (математика, биологија, ботаника, информатика, хемија, структурна хемија, физика, животна средина)
  • Медицински науки и здравство, (микробиологија, биотехнологија, генетика, судска медицина, медицинска технологија,  фармација и стоматолошка протетика, парадонтологија);
  • Земјоделски науки, (ветеринарна медицина, биотехнологија, прехрамбена технологија, растително производство, генетика и селекција на растителното производство);
  • Хуманистички науки, (историски науки, историја на уметноста, антропологија и етногенеза, драма, опера, балет, јазик и книжевност).

Избраните рецензенти, пријавените билатерални проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:

  • придонес во продлабочувањето и проширувањето на научните знаења;
  • конкурентноста за меѓународна соработка;
  • придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
  • компетентност на главниот истражувач;
  • оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
  • компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
  • релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
  • остварливоста на предлог проектот (финансиска конструкција),  можности за примена на резултатите.

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

Пријавата за рецензент  како составен дел на овој Конкурс, можете да ја најдете на веб страницата на Министерството за образование и наука  (http://www.mon.gov.mk),

Пријавата за рецензент, уредно пополнета се доставува во Министерството за образование и наука, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е  20. 09. 2016 година.

Пријавите  што се некомплетни или ненавремено доставени, нема да бидат разгледувани.

ПРИЈАВА ЗА РЕЦЕНЗЕНТ (.doc)

Јавен оглас за избор на рецензенти (.pdf)

Последен пат изменето на Вторник, 30 Август 2016 16:20
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…