Конкурс за финансирање на организација на научни собири

Министерството за образование и наука распишува Конкурс за распределба на средства за финансирање на организација на научни собири за 2017 година.

1. Министерството за образование и наука со овој Конкурс распределува средства за организација на научни собири во 2017 година.

2. Организацијата на научните собири се финансира по доставување на следнава документација:

  • пополнета пријава;
  • одлука од организаторот за одржување на научен собир;
  • одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир;
  • програма за работа на научниот собир.

3. Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно со точка 2 од овој Конкурс.

4. Право на доделување на финансиски средства за организација на научни собири имаат државните универзитети и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовити научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи, по пат на јавен конкурс.

5. Средствата што се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположливите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.

6. Државните универзитети и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовити научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи, пријавите и документите наведени во точка 2 ги доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје

7. Конкурсот започнува од 20 јануари 2017 и ќе трае заклучно со 20 ноември 2017 година.

Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Последен пат изменето на Четврток, 02 Февруари 2017 14:12
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…