Стипендии за учество на летни школи по чешки јазик

Во рамки на проектот за словенски студии, Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка за 2017 година доделува четири стипендии за кандидати од Република Македонија за учество на летни школи по чешки јазик, кои традиционално се одржуваат во Плзењ (2 места) и Брно (2 места).

Стипендиите ги покриваат трошоците за школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, додека патните трошоци се на товар на кандидатот.

Сите заинтересирани да ги достават следниве документи (во два примероци):

- Пријава;

- Пополнет формулар за учество на летната школа;

- CV, кратка биографија;

- Диплома за завршено високо образование;

- За студентите: потврда дека е редовен студент;

- Мотивациско писмо.

Крајниот рок за аплицирање во Министерството за образование и наука на Република Македонија, Сектор за наука и технолошко-технички развој, Одделение за меѓународна соработка, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 - Скопје, Република Македонија е 28 февруари 2017 година.

На Конкурсот може да се пријават и кандидати со сопствено финансирање.

Непотполните и ненавремено доставени апликации нема да се земат предвид.

Подетални информации на: http://www.mzv.cz/skopje.

Последен пат изменето на Петок, 03 Февруари 2017 10:25
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…