Можност за учество во Европски камп 2017 во Германија

Од 5 до 19 август 2017 година се организира 26. Европски камп 2017 во Цајтц, Саксен Анхалт, Германија, на тема „Die Nachhaltigkeitsziele der Vereinten Nationen“.

Учесници може да бидат млади од 18 до 25 години со ниво Б1 на германски јазик. 

Пријавувањето е најдоцна до 26 мај 2017 година на адреса: www.eurocamp-agsa.eu, каде што треба да се достават кратка биографија, мотивационо писмо и да се попoлни формулар кој е поставен електронски на веб-страницата.

Се охрабруваат сите заинтересирани да аплицираат на овој повик.

Последен пат изменето на Понеделник, 07 Август 2017 12:14
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…