Наградниот фонд за најдобро видео изнесува 500 евра во денарска противвредност и истиот го доделува Агенцијата за млади и спорт.
Критериуми за учество:
- Студенти на возраст од 18 до 25 години;
- Студенти од сите државни и приватни универзитети во Р Македонија;
- Студентите можат да учествуваат на натпреварот во тимови или индивидуално.
Начин на пријавување
Заинтересираните студенти/тимови можат да се пријават преку пополнување на пријава за учество најдоцна до 22.5.2017 година достапна на следниот линк.
Пријавените студенти/тимови ќе имаат задача да подготват видео кое ќе биде од едукативен и информативен карактер и најдобро ќе ги прикажува содржините кои се наоѓаат на мобилната апликација за младинско информирање Млади АМС. Видеото може да биде комбинација од три или повеќе од следните дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација.
Формат на видеото:
- Да не биде подолго од три минути;
- Најдобро да ги прикажува перфомансите на мобилната апликација;
- Форматот на производот мора да биде компатибилен со YouTube - MP4;
- Да биде со резолуција HD (720p – 1080p).
Видеатa на натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на УГД, еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.
Видеата треба да бидат испратени во MP4 формат на следната електонска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10.6.2017 година.
Сите прашања поврзани со натпреварот може да ги поставите на следниве електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со младинските информативни и советодавни центри ИНФО СЕГА во Прилеп и во Кавадарци, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и има за цел на младите луѓе да им овозможи безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.
Кампањата „Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија во Франција.