Право да аплицираат за една од понудените опции имаат сите студенти чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија, а се дел од семејни домаќинства со низок доход.
Износот на еднократниот финансиски надомест изнесува до 6.000 денари.
Аплицирањето се врши на два начини, електронски или непосредно во Министерството за образование и наука. Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, каде што се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари (прикачени на посочената платформа).
Повеќе информации околу условите, критериумите, документите и роковите за аплицирање се наведени во Уредбата со законска сила усвоена за реализација на оваа мерка за поддршка на студентите, која е објавена на следниов линк: http://mon.gov.mk/stored/document/Uredba_za_participacija.pdf.