КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА за студентска мобилност за студии и обука

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер  бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2022/2023 година почнувајќи од зимски семестар и тоа за:

  1. мобилност за студенти:

- студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;

- студенти на втор циклус студии;

- студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“.

Конкурсот е отворен за:

- 20 студентски мобилности за студии

- 15 студентски мобилности за обука (пракса)

 

Потребни документи за аплицирање:

- пополнет образец за студент;

- фотокопија од индекс (Прва страна);

- уверение за положени испити;

- кратка биографија;

- мотивациско писмо;

- две препораки од професори/асистенти;

- потврда за познавање на странски јазик;

- копија од сертификати.

 

  1. мобилност за вработени:

Конкурсот е отворен за 4 мобилности за нaставнички кадар и 8 мобилности за административен кадар.

Селектираните кандидати треба сами воспостават контакт со институцијата и да добијат писмо за прифаќање.

Мобилноста во високообразовните институции во ЕУ трае најмногу 5 работни денови. Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите).

 

Потребни документи:

  • Изјава за вработен;
  • Mobility Agreement Staff Mobility for Teaching/Training;Образец за селекција на вработени (наставнички кадар или администрација) за учество во Еразмус+ програмата;
  • Сертификат за познавање на англиски јазик.

 

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

Важни информации:

Селектираните кандидати се должни да се информираат за организирање на мобилноста во услови на пандемија со Ковид19 (за условите на патување и за начинот на организирање на наставата, кандидатите треба да ја контактираат одбраната институција и надлежните од амбасадата на одбраната држава во која ќе се реализира мобилниста).

 

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично на портирницата на Кампус 2 во коверт со назнака:

Одделение за меѓународна соработка – Кампус 2 (за Еразмус + конкурс)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р. Македонија

 

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

За повеќе информации околу програмата ќе биде организирана online инфо сесија за која ќе следи дополнително известување.

 

Конкурсот е отворен од 14 февруари 2022 до 14 март 2022 година.

 

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…