Во рамки на обуките, учесниците ќе имаат можност да научат како успешно да започнат сопствен бизнис и да изработат бизнис план. Со помош на искусни предавачи, избраните кандидати ќе ја научат основата на бизнисот преку предавања кои ќе ги вклучат клучните теми, како: изработка на бизнис план, планирање на финансии, вработени, комуникација, маркетинг, продажба итн. Обуката ќе трае три дена.
По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат можност за учество во Натпревар за бизнис план, на кој најдобрите бизнис идеи ќе бидат финансирани со неповратни средства по 3.000 евра.
Доколку сте на возраст 18-30 години, пополнете ја апликацијата.
Прочитајте го официјалниот повик на веб-сајтот.