Приказ на предметите според таг: tehnologija
Бесплатен курс за студентите на УГД за сајбер безбедност
Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ имаат можност да посетат онлајн курс на тема сајбер безбедност. Сите кои ќе го поминат курсот ќе добијат соодветен сертификат, а најдобрите ќе добијат и подароци од организаторите.
Курсот е развиен во партнерство со локални украински експерти од компаниите Ernst & Yang и Technomatix. Станува збор за БЕСПЛАТЕН курс кој ќе им помогне на студентите да научат кои се најголемите закани во дигиталниот свет, да научат кои лични податоци се мета на хакерите, да научат како да ги заштитат своите лични податоци и своите електронски уреди.
Курсот вкупно трае 60 минути, а поделен е на 10 анимирани видеомодули. Секој модул трае од 5 до 7 минути. На крајот имате тест кој ги покрива темите од сите модули.
Преку овој курс учесниците ќе имаат можност да ги научат најчестите грешки кои се прават на интернет, ќе научат како да ги заштитат своите мобилни телефони, компјутери или и-мејл адреси.
Хакерските напади преку интернет се огромна закана за младите. Често нивните фотографии, нивните лични податоци или конверзации се лесен плен на хакерски напад ако не се заштитени.
За да научите како да си ги заштитите вашите лични податоци, на вашите мобилни телефони и компјутери пријавете се БЕСПЛАТНО на: https://cybereducation.org/mc/index.php/usr/login/registration?lang=mk&fbclid=IwAR369YQD9aA5FXU-GYPmrYtJk9uJtjCBREoQ8_F7HuTURoHEbafmeBznTe8.
Работилница на тема – Иновација во истражувањето
Во рамките на заедничкиот проект и иницијатива DIM-ESEE 2, Факултетот за рударство, геологија и нафтено инженерство при Универзитетот во Загреб, Хрватска, заедно со своите партнери организира иновативна работилница за најновите иновации и напредок во истражувањата на минералните суровини, а во рамките на Дубровничката интернационална школа (DIM-ESEE 2).
DIM ESEE2 leaflet
DIM ESEE2 poster
Целта е да се подобрат претприемачките и иновативните капацитети на дипломирани студенти и алумни на високообразовни институции во регионот од организирање на следниве теми:
- Иновации во истражувањето (20 - 22 октомври 2021 година),
- Иновации во процесите на карактеризација на рудни тела (19 - 21 октомври 2022 година),
- Иновации во екстракција (18 - 20 октомври 2023 година) и
- Иновации во обработка на руда (16 - 18 октомври 2024 година).
Иновативната работилница „Иновациите во истражувањето“ се фокусира на иновативни решенија за иновација и истражување на минерали преку поделен модул во три дена:
- Главни предизвици и потреби при иновативно истражување на минерали и Роботизација;
- Техники засновани на далечинско и сензори и нивни примена во конструкцијата на 3Д модели;
- Напредни геофизичка обработка на податоци и геостатистички методи и нивните иновативни апликации за истражување на минерали.
Проектот е во организација на овие институции:
- Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Факултет за природни и технички науки;
- Универзитет во Тузла, Босна и Херцеговина;
- Геолошки завод на Црна Гора, Црна Гора;
- Државниот технички универзитет во Атина, Грција;
- Универзитет за рударство и геологија „Св. Иван Рилски”, Бугарија;
- Универзитет во Белград, Рударско-геолошки факултет во Белград, Србија;
- Универзитетот во Мишколц, Унгарија;
- Монтан универзитет во Леобен, Австрија;
- Државен технички универзитет, Днепарска политехника, Украина;
- Tехничкиот универзитет во Кошице, Словачка;
- Геоекономикс, Бризбејн, Австралија;
- Универзитет за политехника, Тирана, Албанија;
- Универзитет во Лиеж, Белгија, и
- Заводот за градежништво, Словенија.
На работилницата имаат можност да аплицираат професионалци и останати заинтересирани и од Северна Македонија. Повеќе информации и регистрација на следниот линк: REGISTRATION AND FEES | DIM ESEE SCHOOL | IUC DUBROVNIK (dim-esee.eu).
УГД отсега достапен и на Вибер
Со цел да биде поблизу до своите студенти и до сите заинтересирани, Универзитетот „Гоце Делчев“ креираше Вибер заедница преку која ќе ги информира сите студенти и останати заинтересирани за клучни информации. Вибер заедницата е модерен и едноставен начин за постојана и двонасочна комуникација со студентите и останатите кои се заинтересирани да добиваат информации или одржуваат контакт со УГД.
За да станете дел од заедницата на Вибер кликнете на следниов линк: https://www.ugd.edu.mk/ugd-viber.
АНКЕТА: Како се информираш?
Универзитетските медиуми спроведуваат анкета која има за цел да даде слика за потребите и навиките на младите и притоа да креира начин за нивно подобро информирање.
Мајкрософт го издвојува УГД како пример за добар премин во онлајн учење – 100.000 часа аудио настава, 50.000 часа видео настава и 11.000 онлајн предавања
Компанијата Мајкрософт на својата официјална веб-страница го издвои Универзитетот „Гоце Делчев“ како успешен пример за премин од физичко во учење на далечина (https://aka.ms/UGD_EN).