Поради интересот на студентите и поради краткиот период за комплетирање на документите одлучивме и во наредните неколку дена од следната седмица да примаме документи за упис и пријавување. Тоа ќе се прави, исто така, во стариот Ректорат, каде што службеници од Универзитетот ќе ги примаат документите за сите факултети и потоа ќе се распределуваатистакна проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев.
Примените кандидати од вториот уписен рок ќе се запишуваат на 5 и 6 септември, кога ќе биде и пријавувањето во третиот уписен рок. Сите потребни документи за запишување или пријавување можат да се најдат на веб-страницата на УГД.