Во контекст на привлечноста на педагошкото образование, потребно е да се размисли за предизвиците и можностите за вработување на дипломците. Работилницата, која ќе ја одржи краткорочниот експерт Филип Габриел, ќе се сосредоточи на спроведувањето на процес на самоевалуација со цел зголемена релевантност на студиските програми во поглед на барањата на пазарот на труд и поголема отвореност кон бараните сектори од аспект на практичните квалификации на дипломците.
Работилницата ќе се одржи во понеделник, 10 април, од 12.30 до 16.30 часот, на Филолошкиот факултет во Штип (просторија за симултан превод).
Заинтересираните за учество на работилницата треба да го пополнат формуларот за регистрација и да го испратат на следната е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до петок, 7 април.