- Постои една студија која дава можности какво ќе биде образованието. Најцрното сценарио е дека училиштата нема да постојат во оној момент кога родителите ќе се разочараат од наставниците. Најпозитивното сценарио е дека училиштата ќе се трансформираат во центри за култура, каде што сите ќе бидат интегрирани. Тоа е и најпосакуваното сценарио на најголем дел од наставниците во светот. Променете ги условите во училиштата, станете инспиративни средини и многу ќе заживеат средините. Ни фали инспирација и мотивација, токму тоа е причината што УГД е поддржувач на оваа конференција - изјави проф. д-р Кирил Барбареев.
На оваа едуконференција се појавија имиња од областа на образованието кои ретко можат да се видат на едно место. Станува збор за едни од најеминентните предавачи во областа.
- Имаме имиња кои ретко каде во близината на Балканот или во Европа некој едукатор има можност да ги слушне. Овие луѓе можат да ги видат и слушнат токму ако дојдат на оваа конференција овде - изјави Весела Богдановиќ, наставничка и еден од организаторите на оваа конференција во организација на невладината „Пријатели на образованието“.
На конференцијата беа претставени многу алатки кои ќе им служат на наставниците. Еден таков проект е и Сајентикс кој може да биде од големо значење за наставниците од Македонија.
- Сајантикс е проект кој е финансиран од ЕУ. Тоа е конзорциум од 31 министерство на ниво на Европа чија цел е иновација во образованието и подобрување на врските меѓу образовните установи - вели Маја Виденовиќ која е координатор во Сајентикс.
Слично на овој проект е и алатката „Ванд“, која беше претставена пред наставниците. Станува збор за онлајн платформа која им нуди огромни можности на наставниците.
- Дојдовме денес на оваа конференција со цел на образовниот систем во Македонија да му понудиме алатка со која професорите ќе можат да си креираат своја мултимедијална содржина и сето тоа бесплатно. Доколку наставниците сакаат да го користат можат да го користат wand.education - изјави Радуж Гурану, експерт од областа на едукацијата од Романија.
Еминентни предавачи на конференцијата ги споделија и сознанијата дека е важна желбата за наука кај децата. Еден таков предавач беше и Марилена Страдбијанки, која е научник и едукатор веќе долго време.
- Многу сум задоволна што учествувам во оваа конференција, каде што сакам да истакнам дека треба да се развива не само науката во образованието, туку и љубопитноста кај децата - изјави Марилена Страдбијанки, научник и едукатор, која работи во ЦЕРН.
Дека образованието се менува и е потребно постојано да се подобрува потврди и Џон Конол, експерт од Шкотска, кој вели дека образованието денес е многу сменето од образованието пред 20-тина години. Аналогно на тоа мора да се менуваат и наставниците.
- Темата на моето излагање е насловена „Минатото, сегашноста и иднината на училиштето“. Во суштина е дека односот меѓу учителот и ученикот е сменет драстично. Кога јас бев ученик учителот беше извор на сето знаење, сега не е така. Учениците можат да учат сами, да имаат друг извор на знаење, а улогата на учителот е да биде водач, да ги даде мудроста и искуството -изјави Џон Конол, едукатор и експерт од Шкотска.
Организаторите на оваа конференција се активни наставници кои одлучиле дека вакво нешто недостасува и дека е нужно да се организираат меѓусебно со цел да им помогнат и на останатите свои колеги.
- Оваа конференција е различна од сите други конференции, разменува искуства од наши колеги. Со тоа што се изработени од практичари е првиот мотив од другите учители да пробаат да го изработат истото во нивните уличници - вели Славица Карбара-Стојковиќ, наставник по математика и дел од организацијата „Пријатели на образованието“ кои се и организатори на оваа конференција.
- Оваа година имаме значителен број на членови. Почнавме со дузина наставници пред три години. Оваа година има 500 члена и можат да се претстават со постер-презентации и тие ќе бидат публикувани - изјави Елена Апостолоска, наставник и дел од организацијата „Пријатели на образованието“.
- Она што е интересно е што се обидуваме да ги обединиме сите степени на образование. Оваа година поканивме и студенти од универзитетите. Темите се најинтересни и најпривлечни за наставниците. Соработката со УГД е уште од првата година. Особено со Кирил Барбареев. Неговата поддршка ни значи многу. Тој е инспирација за многу учители и во сите наши соработки тој е наш почесен член - вели Марина Василева од организацијата „Пријатели на образованието“.
Покрај Универзитетот „Гоце Делчев“, на оваа конференција поддржувачи беа и од факултетот ФИНКИ, кои истакнаа дека овие работи што на оваа конференција се презентираат можат уште веднаш да влезат како дел од редовната настава на наставниците или на студентите.
- Голем дел од работите што овде се кажуваат се однесуваат на методологијата и на психологијата на деца и квалитетот на образованието или ИКТ алатките во образованието. Сите нешта што се дискутираат се применливи во кој било процес на образованието -вели Владимир Трајковиќ, професор на ФИНКИ.
Наставниците и организаторите на оваа конференција, организацијата „Пријатели на образованието“, се многу задоволни од одѕивот и од активностите во рамките на конференцијата.
- За мене се многу корисни и како наставник и како родител. Сето ова ме менува како личност и во домот - вели Зорица Трајановска, наставник по англиски јазик и организатор на конференцијата.
- Бевме изненадени уште од првата година колку голем интерес има од наставниците да земат учество на ваков тип на конференции - вели Дарко Талевски, наставник по ликовно образование и дел од организацијата.
- Мислам дека по оваа трета едуконференција во која среќаваме многу меѓународни контакти нашата присутност е сѐ поголема. Нашите следбеници онлајн се многу повеќе - вели Марина Џепаровска, наставник и дел од организацијата.
Покрај организацијата на оваа едуконференција, здружението „Пријатели на образованието“ имаат и низа други активности.
- Имаме и други активности, освен оваа конференција. Имаме голем проект заедно со Општина Центар. Во сите училишта ќе се оживуваат „Бабините игри“ и ќе се бара начин да се оживеат тие игри. Вклучени сме во повеќе Еразмус проекти, а организираме и курс за „Учење базирано на игра“ во текот на летниот период - изјави Драгица Здравевска, наставник по англиски јазик и организатор на оваа конференција.
Конференцијата се организира по трети пат, а за идната година се најавуваат уште подобри содржини кои ќе бидат многу корисни за наставниците. На конференцијата свое излагање имаше и проректорот на УГД проф. д-р Кирил Барбреев, кој зборуваше за иднината на образованието. Целосното негово излагање можете да го проследите во продолжение, а воедно можете да ја видите целосната видеорепортажа од Струга поврзана со оваа конференција.
Видео