Библиотеката на Филолошкиот факултет на УГД беше преполна од млади луѓе кои беа заинтересирани да се сретнат со писателот.
- Денес писателот Горјан Петрески на покана на книжевниот клуб „Кула“ ќе разговара со студентите, средношколците и основците од овој регион. Ова е одлична можност за младите луѓе да поразговараат со писателот за неговиот роман „Сама“, а потоа и да го слушнат предавањето на тема „Адолесцентската литература – нејзините перспективи и проблеми“ - изјави проф. д-р Јованка Денкова од Филолошкиот факултет на УГД.
Писателот истакна дека читатели и читателска публика ќе има секогаш, независно од тоа што денес младите луѓе имаат многу повеќе медиуми кои го земаат нивното време.
- Читатели имало и ќе има. Отсекогаш имало предизвици и мене секогаш ми е ист предизвикот да пишувам за младите луѓе. Независно колку се окупирани со интернет предизвици. Имало и ќе има - изјави Горјан Петрески.
Настанот се одржа во Кампус 4 на УГД, а домаќин беше Филолошкиот факултет при УГД.
Видео