Професорката Ана Рингачева заедно со студентите од Катедрата по македонски јазик и литература преку интернет направија заедничко видео во кое читаат македонска литература и на тој начин го одбележуваат денешниот ден.
Денот на македонскиот јазик е прогласен на 5 мај 1945 година, кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
Денот 5 мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик на 130. седница на Владата, одржана на 16 април 2019 година.