УГД на светски самит на образование

Campus Connections Summit (CCS) ги спојува лидери во високото образование на глобално ниво со цел да ги споделат најдобрите практики и да разговараат за нови стратегии и дигитална трансформација во високото образование. 

На 1 и 2 февруари ќе се одржи V Campus Connections Summit (CCS): Education Transformation: From Recovery to Reimagine (Трансформација во образованието: од закрепнување до повторно откривање), коj ќе нурне во неодамнешните настани што создадоа катализатор за драматично да ја смени важноста на улогата на технологијата во високото образование и создаде императив за трансформација за високото образование ширум светот. 

Навидум преку ноќ преминавме од разговор „зошто?“ дигитална трансформација, кон „колку?“ и „колку брзо?“ да се случи таа дигитална трансформација. Бидејќи се соочуваме со нов начин на работа и менување на економиите, иновациите и соработката сега се поважни од кога било.  

Мајкрософт го организира Campus Connections Summit (CCS) по 5. пат на глобално ново во Европа, Азија и Америка. Мисијата на Мајкрософт е да ги оспособи лица и секоја организација на планетата да постигнуваат повеќе. Тие ги поддржуваат напорите за дигитално трансформирање на високо образование со иновативни алатки за поголем успех на студентите, колаборативно учење и истражување, во безбедни средини со заштитени податоци и идентитет. 

Проректорот за настава и студенти, проф. Џидров ќе биде дел од панел дискусијата за пост-ковид образование, заедно со претставници од реномираните King's College London и Durham University од Англија. Ќе се разговара за: Што научивме и што е тоа што ќе доведе до долгорочни системски промени? Какви се сегашните очекувањата на универзитетот, а какви се на студентите? Каква ќе биде улогата на технологијата кај универзитетите по првичниот одговор на пандемијата? Повеќе информации и начини за пријавување на следниве линкови:

https://microsoftedu.eventbuilder.com/event/36302

https://microsoftedu.eventbuilder.com/CampusConnectionsSummit 

Последен пат изменето на Вторник, 26 Јануари 2021 12:40
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…