Иднината на модниот дизајн преку дигитализација на 3D моден дизајн сега реалност на УГД

Дигитална трансформација во модната индустрија3D МОДЕН ДИЗАЈН

Соработката помеѓу реалниот сектор и високообразовните институции бил секогаш повеќе од посакуван, тоа е синергија која раѓа долгорочни резултати и го менува начинот на живеење.

Соработката што постои помеѓу МК „Вера монд“ и УГД – Технолошко-технички факултет, Катедра за дизајн на текстил и облека, уште еднаш ни го потврди тоа преку реализација на проектот „Дигитализација на 3Д моден дизајн“.

Што претставува 3D дигитален моден дизајн?

Целта на 3D дигиталниот моден дизајн е развој на мода преку која се елиминира непотребното физичко производство на мостри и шаблони за да се добие саканиот резултат. Значајна придобивка од користењето на виртуелното дизајнирање и подготовка на производни налози е скратувањето на производниот процес. Преку дигиталниот моден дизајн производството на прототипови се намалува за 50%, се зголемува квалитетот, се скратува времето на развој, драматично се зголемува можноста за експериментирање со материјали, бои, форми, воедно создавајќи ново и подобрено искуство за купувачот.

            Основа на дигиталната модна трансформација се:

  1. Напредна анализа на податоци;
  2. Лесна интеграција;
  3. Висока модуларност;
  4. Зголемена одржливост;
  5. Решение од крај до крај.

VM3D е новиот бренд на МК „Вера монд“ - Штип кој ќе вложи во младите дизајнери кои досега креираа и создаваа свои креативни дела под менторство на доцент д-р Сања Ристески преку реализација на обука за 3D моден дизајн отворајќи им го патот кон глобалниот пазар на напредната дигитална модна индустрија. На овој начин дизајнот веќе добива друга димензија, а за студентите на насоката за дизајн на текстил и облека е еден огромен предизвик во насока на нивната креативност. Со студентите како дел од тимот ќе биде и доцент д-р Сашка Голомеова-Лонгурова, која ќе се вклучи во целокупниот креативен и технолошки процес.

.

Последен пат изменето на Вторник, 28 Септември 2021 19:36
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…