Зошто е важен квалитетот во наставата?

Современата настава и учење има тројна мисија:

  1. Да овозможи разбирање на светот, како услов за соочување со него и адаптирање на него;
  2. Да обезбеди активно дејствување во светот, бидејќи само на тој начин е можно негово менување, како и унапредување;
  3. Да оствари градење на сопствениот идентитет во тој свет, што подразбира да се осознае вредноста на личниот придонес, одговорност и место во него.

 „И професорите треба да учат“, ова е мотото на Академијата за високо образование во Велика Британија која постојано работи во полето на трансформирање на наставата и формирање на методи за инспиративно учење.  Академијата е посветена на постојано развивање на квалитетот на наставниците. Програмите на Академијата вклучуваат:

  • трансформирање на организациското учење и подготовка на наставниците;
  • исполнување на потенцијалот на професионалните наставници;
  • креирање на светско наставно искуство.

На следниов линк можете да најдете корисни информации како да ги подобрите вашите наставнички компетенции и вештини.

Последен пат изменето на Четврток, 19 Ноември 2015 15:53
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…