Саемот се отвора на 3 февруари во просториите на Библиотеката во Штип. Промотор на саемот ќе биде Ефтим Клетников, наш познат писател и член на Друштвото на писателите. На Саемот ќе биде промовирана и книгата „Допрено време“ од роднокрајниот писател Благој Самоников. Саемот ќе трае три дена, а посетителите ќе имаат можност да го проследат од 9 до 19 часотизјави Соња Манева од НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип
Литературата е дел од проектот „130 тома македонска книжевност“. Штипјани и сите останати ќе имаат можност да ги набават овие книги по унифицирана саемска цена од 157 денари.
Оваа едиција на македонска литература е преведена и на англиски јазик, а веќе на неколку наврати се најде на литературни манифестации ширум светот. Во септември Библиотеката во Штип ќе има уште еден саем кој ќе опфаќа литература од повеќе издавачки куќи од Македонија.