Како до подобри резултати на тестовите?

Нова научна студија покажува дека учениците постигнуваат најдобри резултати на тестирањата кога ги прават рано наутро, а полоши кога ги прават подоцна во текот на денот.

Ханс Хенрик и неговиот тим истражувале повеќе од 2 милиони тестови од ученици во Данска, меѓу 8 и 15-годишна возраст, и дошле до заклучок дека најдобри резултати се постигнуваат кога тестот се решава во 8 часот наутро. Тимот истражувачи од Данскиот национален институт за социјални истражувања пронашле дека на секој следен час резултатите опаѓаат. Според нив, на секој следен час резултатот опаѓа 0.9 проценти, процент кој е ист како 10 дена отсуство од училиште за еден наставен предмет.

Студијата сугерира дека доколку тестовите не се прават со доаѓање на учениците на училиште треба да им се даде пауза пред секој тест за да се избегне пад на концентрацијата и знаењето.

Многу сум заинтересиран што се случува со мозокот на дечињата за време на оваа пауза. Дали е поради тоа што земаат нешто за јадење или можеби поради чистиот воздух? Доколку успееме да го дознаеме ова ќе дознаеме и зошто некои ученици се подобри по паузата, а некои невели Ханс Хенрик во изјава за „New Scientist“

Меѓутоа, резултатите од оваа студија не тврдат дека ако децата прават тестови во 8 или 9 часот наутро ќе имаат подобри резултати, затоа што друга студија објавена во 2010 година дошла до заклучок дека и дечињата кои подоцна почнуваат со училиште (во 10 или 11 часот) имаат подобри резултати на своите тестови.

Ова би значело дека перфектна комбинација би била пладневна дремка за учениците и веднаш по пладневниот одмор да ги прават тестирањата.

Студијата на данските научници може да се најде на следниов линк http://www.hbs.edu/faculty/Pages/item.aspx?num=50588.

Последен пат изменето на Вторник, 16 Февруари 2016 15:34
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…