Проф. Клаин: Наместо расизам потребно е да ги разбереме различните од нас

Во посета на Филолошкиот факултет при УГД предавање одржа проф. Габриела Клаин, професор по социолингвистика на Универзитетот во Перуџа, Италија. Професорката одржа предавање за присуството на расизмот и говорот на омраза во медиумите и на социјалните мрежи.

- Денес на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе предавам за расизмот и говорот на омраза во медиумите, на телевизија, во ток-шоу емисиите, на интернет, на социјалните мрежи. Ќе зборувам за начинот на којшто се гради и конструира расизмот. Повторната зголемена појава на расизмот и говорот на омраза во Европа говорат за кризата на вредности што постои овде. Оваа криза на вредности не ѝ носи добри на Европската унија, а и на Европа, генерално. Потребно е да се направи антирасистичка стратегија. Наместо да бидеме сепаратистички расположени кон оние што се различни од нас, подобро е да ги разбереме и да бидеме инклузивни кон луѓето кои се различни од нас.истакна проф. д-р Габриела Клаин.

Професорката предавањето го одржа пред лингвистите, студенти и професори, од студиската програма Италијански јазик на Филолошки факултет при УГД.

Последен пат изменето на Четврток, 17 Март 2016 14:12
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…