И минатата година нашите студенти изработија вакви текстилни табли. Целта е да им се помогне на училиштата. Ова е инспирација од децата и од нивните цртежи. Врз основа на тие цртежи ние ги изработивме текстилните табли. Целта е визуелно да им ја доближиме азбуката за да не им биде пречка, туку предизвик за нашата азбука изјави професорката од ТТФ, доц. д-р Ванѓа Димитријева
Едукативните табли заедно со цртежите денес беа изложени во Домот на младите во Штип со кого Факултетот соработува на овој проект кој е насловен „Моето ново дрво, мојот нов свет“.
Овој настан е наменет за учениците во основното образование. Настанот е со цел да им ги презентираме овие табли. Во исто време да ги мотивираме учениците полесно да ја научат азбуката. Овој настан го споивме со уште еден настан, а тоа е изложбата на членовите од Ликовното студио при Домот на младите под водство на Сара Петров истакна директорката на Домот на младите, Вишна Шорова-Ангелова
Студентите кои ги изработија овие едукативни текстилни табли велат дека на нив работеле цел семестар по предметот Нови медиуми, со цел успешно и убаво да ја презентираат кирилската азбука. Покрај цртежите и едукативните текстилни табли, ТТФ ќе изработи и капути за оние деца на кои им се најпотребни и во предновогодишните празници ќе им ги донира. Од ТТФ велат дека овој настан на малку хуманост пред нова година ќе стане пракса на овој факултет и на студентите.
Видео