Оваа година ќе се организираат спортски натпревари во одбојка, баскет, ракомет и пинг-понг, во машка и во женска конкуренција. Студентите од сите факултети при УГД и оваа година имаат можност да учестуваат во овие игри индивидуално или со сопствен тим.
Пријавувањето е од 1 март до 15 март 2017 година кај професорите по спорт и рекреација на следниве контакти:
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел.: 072/252-052 078/365-015
Програма за спортската манифестација:
20.3.2017 г. (понеделник)
- 9:00 часот - Натпревари во одбојка м/ж
- 10:00 часот - Натпревари во мал фудбал
- 13:00 часот - Натпревари во ракомет м/ж
21.3.2017 г. (вторник)
- 9:00 часот - Натпревари во баскет м/ж
- 10:00 часот - Натпревари во мал фудбал
- 13:00 часот - Натпревари во пинг-понг м/ж
22.3.2017 г. (среда)
- 9:00 часот - Финале пинг-понг
- 10:00 часот - Финале ракомет
- 11:00 часот - Финале одбојка
- 12:00 часот - Финале баскет
- 12:00 часот - Финале мал фудбал
Натпреварите ќе се одржуваат во Спортската сала „Јордан Мијалков“, а право на учество имаат сите студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“.