Со најновиот Mеморандум за соработка, кој го потпишаа УГД и Фондот за ПИОМ, овие податоци Фондот ќе ги добива по службена линија, бидејќи двете институции ќе ги поврзат своите информациски системи.
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија (ПИОМ) потпишаа Меморандум за соработка, преку кој се овозможува системска интеграција на информациските системи на двете институции.
Системската интеграција на двата системи се однесува на електронска размена на податоци за студенти кои воедно се корисници на семејна пензија од ПИОМ, согласно со законските надлежности на двете институции.
Реализацијата на Меморандумот за соработка ќе придонесе кон подобрување на ефективноста и ефикасноста во работата на двете институции, како и огромно олеснување за студентите кои ќе бидат ослободени од процесот на поднесување на документ за потврда за студент во ПИОМ, а во насока на регулирање на правото на користење на семејна пензија.