Стипендија на Академијата за европско право во Триер се доделува еднаш годишно, на еден студент од Европа. Годинава таа стипендија ја доби Иван Николов.
„Ја имам таа чест да бидам првиот студент од Македонија што ја добива оваа реномирана стипендија со што ми овозможија да учествувам на школата на која учествуваат и судии, обвинители, адвокати и останати практичари од целиот свет“, вели Николов, кој за оваа стипендија аплицираше по препорака на неговите професорки на Правниот факултет Олга Кошевалиска и Елена Максимова.
На оваа школа се добиваат сознанија за најновите напредувања на законската регулатива, практика во сите сфери на кривична материја, се организира и посета на Европскиот суд во Луксембург.
„Ова е од непроценливо значење за мене да се присуствува на вака реномирана школа. Од Македонија како практичари присуствувале моите ментори, Кошевалиска и Максимова. Сега и јас ја имам таа чест, како студент, да бидам летово во Триер. Очекувам да ги проширам моите сознанија што сум ги стекнал во досегашното студирање и да видам како функционира казнено-правниот систем надвор од границите на Македонија“, изјави Николов. (www.mkd.mk)