Факултетот за медицински науки ќе ја презентира програмата Еразмус плус

Факултетот за медицински науки е еден од оние чии студенти пројавуваат можеби најголем интерес за програмата за размена на студенти Еразмус плус и се очекува дека и годинава ќе ја задржат таа традиција и тенденција.

Со оглед на тоа дека новиот Конкурс за Еразмус ќе излезе наредната недела, Факултетот за медицински науки се погрижи на своите студенти да им ги презентира сите неопходни и корисни информации во врска со оваа програма за размена на студенти на една директна средба што ќе се одржи во вторник - 19 септември, со почеток во 14.15 часот на Кампус 2 (голем амфитеатар на паркинг на Кампус 2).

Деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски, ќе одржи презентација/предавање за програмата Еразмус плус за медицински науки за студиската 2017/2018 година. Сите студенти на ФМН ќе имаат можност да се запознаат со можностите на оваа програма, што е од огромно значење за развојот на образованието и кариерата на секој студент.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…