Повикот за апликации за Еразмус+ пракса е отворен во текот на целата академска година.Можност за студентска обука (пракса) можат да ја искористат:
- студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;
- студенти на втор циклус студии;
- студенти на трет циклус студии.Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
Потребни документи за аплицирање:
- пополнет образец за студент;
- фотокопија од индекс (прва страница);
- уверение за положени испити;
- кратка биографија;
- мотивациско писмо;
- две препораки од професори/асистенти;
- потврда за познавање на странски јазик;
- копија од сертификати.
Ги очекуваме вашите апликации.
Повеќе информации на овој линк.