(Видео)  Денови на симулирано судење на УГД

Правниот факултет трета година по ред организира денови на симулирано судење на УГД, при што студените имаат можност да се натпреваруваат во симулирани судења, а воедно да практицираат во судницата за симулирани судења која се наоѓа на Правниот факултет.

  • И оваа година ќе имаме можност да ги удостоиме студентите од петте правни факултети во Република Македонија. Како и претходните две години и оваа година студентите ќе имаат можност по распределбата на предметите заедно со нивните ментори да ги симулирааат предметите, односно да се подготват. Денес е првиот настан, а ќе следуваат уште три други настани. На крајот на оваа година ќе се одржи финалето на кое очекуваме врз основа на стекнатите знаења студентите да можат да ги покажат најдобрите можности. Оваа година за разлика од претходните години овој проект е помогнат од Амбасадата на САД во Македонија за што изразуваме огромна благодарност, а нивниот правен советник исто така ќе одржи едно предавање кое се однесува на сите главни аспекти на кривичната постапк-, изјави професорот Лазар Нанев од Правниот факултет при УГД.

Студентите од правните факултети, исто така, изразија големо задоволство што се дел од еден ваков голем проект и уверуваат дека ова многу им значи во насока на размена на знаења и вештини за кривичната постапка.

 

 

Последен пат изменето на Понеделник, 28 Мај 2018 09:02
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…