Во тимот на респондентите застапници на државата беа Кристијан Панев, Елена Тасева и Ивана Стојанова, со Дејан Михајлов како резерва. Студентите се менторирани од страна на доц. д-р Дејан Маролов и ас. д-р Елена Максимова.
На натпреварот учествуваат осум правни факултети од три држави во регионот. Студентите одлично го претставија Универзитетот „Гоце Делчев“ и имаа одлични излагања, на крајот го освоија петтото место во многу силна конкуренција на регионални универзитети.
УГД веќе традиционално учествува на овие натпреавари на кои судии се експерти и судии од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.